Шампионот со обврска да го разбие малерот на Олимпискиот стадион во Лондон

1010 Вест хем – Манчестер сити (17:30 часот)

Манчестер сити одбраната на титулата ќе ја започне со тешко гостување кај Вест хем. На Олимпискиот стадион во Лондон, Граѓаните немаат славено победа веќе три години, односно две ремија и пораз за тимот на Гвардиола се исходите од последните три гостувања.

Чеканите пак, од седум меча во подготовките добија само два, не изградија посакувана форма, што значи дека за фудбалерите на Мојс предизвикот ќе биде потежок од порано. Најмалку два гола се постигнувале во последните пет меѓусебни лигашки дуели, а со оглед на тоа дека се чека официјалниот првенец на Халанд во дресот на Сити, голови сигурно нема да недостасуваат.

Предлог тип: ГГ3+ (2.17)

 

1710 Олимпик Марсеј – Ремс (20:45 часот)

Со шест нови имиња во составот и Иго Тудор како нов тренер, освежениот Марсеј посакува на позитивен начин да ја започне сезонат во Лига 1. Тимот од „Велодром“ и покрај слабите подготовки е фаворит во оваа пресметка и не смее да дозволи изненадување од Ремс какво што претрпи во септември 2019 година.

Тогаш се случи последниот триумф на Ремс против некогашниот европски првак, оттогаш билансот е две победи за Марсеј и две ремија од 1-1, но бидејќи е премиерно коло домаќините треба повеќекратно да ја тресат противничката мрежа.

Предлог тип: Т1 2+ (1.71)

 

1808 Штутгарт – Лајпциг (15:30 часот)

Македонските фудбалски фанови ги интересира дали Дарко Чурлинов ќе биде стартер во првиот меч на Штутгарт во новата сезона од Бундеслигата. Швабите се наоѓаат пред тежок тест, отвораат на „Мерцедес-Бенз арената“ против актуелниот освојувач на германскиот Куп кој прими пет гола од Баерн во Суперкупот пред една недела.

Лајпциг ги доби сите пет последни меѓусебни средби против Штутгарт, во кои само еднаш Црвените бикови не постигнаа повеќе од еден гол, па нема да биде изненадување доколку попладнево се истакне целиот напаѓачки раскош на двете екипи.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.87)

 

1809 Келн – Шалке 04 (17:30 часот)

Шалке посакува камбекот во германската елита да го означи со триумф кај Јарците, но тимот од Гелзенкирхен во лигашки рамки се нема радувано на гости кај Келн од март 2016 година.

Речиси редовно мрежите на двете страни се тресат кога се среќаваат овие две екипи, а Келн памети двоен триумф над Шалке од сезоната 2020/21, па нормално е домаќините да планираат одржување на позитивниот биланс.

Предлог тип: X било кога (1.96)

 

1541 Брага – Спортинг Лисабон (19 часот)

Дерби уште во воведното коло е добра најава за почеток на сезоната во португалската Примеира, во која Лавовите од Лисабон планираат атак на тронот кој засега го чува Порто.

Брага имаше многу подобри подготовки од Спортинг и изгради позитивна натпреварувачка форма во пресрет на дербито, сепак пријателските резултати може лесно да пропаднат во вода.

Триумф на гостите е забележан во последните три лигашки средби на овие две екипи, односно Спортинг ги доби последните две гостувања на Градскиот стадион во Брага, па затоа нема да биде изненадување доколку играчите на Аморим го продолжат овој тренд.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести