Шампионот Струга ТЛ го претстави и новиот голман Христијан Стевковски (Видео)

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум доведе уште едно засилување на голманската позиција. Нов член на стружани е досегашниот голман на Македонија ЃП, Христијан Стевковски.

По ангажманот на поранешните македонски репрезентативци Стефан Спировски и Кире Ристевски, официјална промоција во дресот на Струга ТЛ денеска имаше и Христијан Стевковски.

Дваесет и петгодишниот голман треба да биде замената за Ведран Ќосевски. Претходно клубот го ангажира и Босанецот Филип Дујмовиќ.

- Оглас -

Најнови вести