Шампионот тренира додека багерите рушат трибина

Екипата на Сутјеска ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во црногорскиот фудбалски шампионат, каде што ја брани титулата од лани, а додека тренираат, играчите треба да слушаат како багерите ја уриваат западната трибина на стадионот во Никшиќ. Трибината беше изградена во 1983 година и речиси воопшто не беше реновирана, па конечно дојде ред клубот да изгради нова и модерна трибина.

Уривањето ќе трае уште неколку дена, па фудбалерите ќе треба да се навикнат на звукот на багерите и прашината. Сутјеска и покрај ова, тренира на теренот и своите мечеви како домаќин ќе продолжи да ги игра „Крај Бистрица“. Сутјеска заостанува осум бода зад Будуќност и ќе треба да испише историја ако сака да ја одбрани титулата бидејќи во самостојна Црна Гора никој не надоместил таков минус на полусезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести