Шампионот во Албанија добиен на најдраматичен начин во Европа

По 27 години чекање, екипата на Теута го крена шампионскиот пехар во албанското фудбалско првенство. Теута е првак со 66 бодови, исто колку што има и второпласираната Влазнија.

Последното коло во првенството беше драматично и решавачко за тоа кој ќе биде првак. Откако беше јасно дека двете екипи ќе победат и ќе завршат со ист број на бодови, прв следен критериум се меѓусебните дуели. Теута и Влазнија одиграа четири меѓусебни дуели, кои два завршија без голови, а по еднаш двете екипи се радуваа на минимален триумф.

Кога беше јасно дека и тука се израмнети, следен критериум е вкупната гол разлика, а таа пред последното коло беше само плус еден гол во корист на Теута. Во последното коло Теута на свој терен играше против последнопласираната Аполонија и славеше со 6:1, па победата на Влазнија од 2:0 против Лаци, беше недоволна.

На крајот, Теута заврши со плус 26 гола на гол разлика, додека Влазнија заврши со плус 22 на гол-разликата и остана на втората позиција.

- Оглас -

Најнови вести