Освоени пехари во ФА купот и Лига купот на Англија, второ место во Премиер лигата и пласман во финалето на Лигата на шампионите беа доволна причина за низ улиците на Ливерпул да се одржи парада на која бројните фанови ќе ги поздрават Црвените.
Иако тимот освои „само“ две од посакуваните историски четири титули во една сезона, сепак имаа причина за славење и брзо го заборавија поразот од Реал Мадрид во саботата, па веќе во неделата околу 500.000 луѓе во колона од 13,5 километри ги поздравуваа Јирген Клоп и неговите пулени.
Moments to cherish. Thank you for your incredible support ❤️ pic.twitter.com/eEzTfty9rF
— Liverpool FC (@LFC) May 29, 2022

