МЗТ Скопје успеа убедливо да го победи незгодниот градски ривал ТФТ Скопје со 104:81 во меч од шестото коло во плејоф групата од македонското првенство.
Шампионот ги доби сите четири четвртини, а најубедлив беше во првите 10 минути што ги реши во своја корист со 30:19.
ТФТ Скопје го победи МЗТ Скопје во финалето на нациналниот куп и го освои пехарот, потоа уште еднаш беше подобар од актуелниот првак, но вечерва беше инфериорен.
Лендриус Хортон беше расположен за игра кај гостите, беше најефикасен на мечот со 28 поени, но ТФТ имаше само уште двајца солидни кошаркари во своите редови, Костски со 17 поени и Смит со 16, па загуби убедливо.
Кај домаќините Рикиќ беше одличен со 21 поен и 7 скока, со двоцифрен број на поени се и Милошевиќ со 18 поени, Ајви 14, Дејвис 12 и Крстевски со 10.
МЗТ Скопје има ист број на бодови 52 колку и Пелистер на првите две места, а ТФТ Скопје е на петтата позција со 43 бода и се бори за пробив меѓу квартетот најдобри екипи што ќе играат за титулата.