Шампионски камбек на Венус Вилијамс

Венус Вилијамс не се откажува од намерата да го освои пехарот во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија, а покажа дека е вистински борец во мечот од првото коло.

Иако губеше со 6:7 и 3:5 и беше на прагот на елиминација против Романката Михаел Бузарнеску, сепак двојната финалистка успеа да направи чудо и да победи со 6:7, 7:6, 6:2.

Венус има две финалиња на Отвореното првенство на Австралија, во 2003 и преклани, и на 38-годишна возраст сè уште се надева дека ќе успее да ја совои титулата. Таа е втората најтрофејна активна тенисерка кога се сметаат Гренд слем трофеите и ги има 7, зад сестра ѝ Серена Вилијамс со 23.

И токму Серена е најголемиот виновник што Венус нема трофеј од Мелбурн бидејќи ја победи на двапати во финалињата во 2003 и во 2017 година. Сега нема да можат да се сретнат во ново финале бидејќи се во истиот дел од костурот, па би играле меѓусебе во четвртото коло. Претходно, ако нема изненадувања, во третото коло Венус ќе мора да ја победи Симона Халеп, една од фаворитките за пехарот во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести