Возбудливо беше во германската Бундеслига, а Баер Леверкузен покажа зошто е лидер и единствен тим без пораз во Топ 5 лигите во Европа. Фармацевтите на домашен терен губеа со 0:1 од Хофенхајм и тоа до 88 минута, па многумина помслија дека е дојдено време Баер конечно по 38 меча без пораз, да капитулираат.
Сепак, избраниците на Чави Алинсо покажаа шампионски карактер и најпрво со гол во 88 минута израмнија на 1:1, а во судиското надополнување со погодокот на Шик стигнаа и до 2:1 и нови три бода во трката за трофејот.
Интересно е дека овие два гола на Баер Леверкузен се единствени кои ги постигна една домашна екипа во петте средби во Бундеслигата. Лајпциг дома киксираше и одигра без голови против Мајнц а погодоци немаше и на Ајнтрахт – унион Берлин. Во дресот на Лајпциг во 87 минута на терен се појави Елиф Елмас, но секако дека тоа е премалку за македонскиот репрезентативец да направи промена во играта на домашниот тим кој беше очаен во реализацијата.
Фрајбург со 3:0 победи на гости кај Борусија Менхенгладбах, а Волфсбург со 2:0 беше подобар од Вердер.