Шампионски пресврт на Голден стејт – Од минус 15 до победа за 3:0 против Портланд

Голден стејт вориорс повторно игра шампионски, а Стефон Кари е незадржлив во финалната серија од Западната конференција во НБА лигата.

Бекот на Воините постигна 36 поени и повторно беше лидер на својот тим до нова победа против Портланд, ноќеска со 110:99, за предност од 3:0.

Актуелните прваци имаа негатива од 15 поени, на одмор на полувреме заминаа со минус 13, но потоа следуваше фуриозно продолжение и победа со двоцифрена разлика.

Одличен меч одигра и Дрејмонд Грин со трипл дабл учинок од 20 поени, 13 скока и 12 асистенции, а клучен период за пресврт беа седумтте минути на стартот од второто полувреме, кога со серија од 22:6, гостите ја стопија негативата и за првпат поведоа на мечот.

Портланд во третиот период постигна само 13 поени, или вкупно 33 во второто полувреме, па сега е на еден меч од елиминација.

Си-Џеј Мекалум беше најефикасен со 23 поени во домашниот табор, а повторно потфрли првата ѕвезда на тимот Демијен Лилард со 19 поени. Ист учинок во поени имаше Клеј Томпсон кај Голден стејт, како трет стрелец во победничкиот тим.

Четвртиот меч повторно ќе се игра во Портланд, а нов пораз на Блејзерс би значел крај на серијата и нов пласман на Голден стеј во големото финале во НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести