Шампионскиот болид на Шумахер од 2003 година оди на аукција, се очекува да биде продаден за рекордна сума

Болидот на Ферари со кој Михаел Шумахер оствари пет победи на формула 1 трките во во 2003 година кога ја освои и шампионската титула, идниот месец ќе биде ставен на аукција во Женева, објави денеска аукциската куќа Сотбис.

Црвениот болид на Ферари „Chassis 299“ кој Шумахер го возеше на девет трки во 2003 година и победи на дури пет, би можел да достигне цена од 9.4 милиони долари.

„Ова е посебен болид бидејќи е еден од само четирите што имаат повеќе од четири победи во историјата на Ферари. Вредноста дополнително му се зголемува и бидејќи беше управуван од еден од најдобрите и највешните возачи во неговата генерација, Михаел Шумахер“, изјави Винсен Лузуи, помошник на директорот на продажба на Сотбис.

Исто така, вредноста на болидот е голема бидејќи е добро зачуван и е „подготвен за трка“ и поради тоа би требало да интересен за колекционерите на тркачки автомобили.

- Оглас -

Најнови вести