Шампионскиот пехар се врати во Скопје, вардарци ја прославија 16-тата титула

Со тесна победа над Бутел од 36-24, екипата на Вардар 1961 го одигра последниот натпревар сезонава во ракометната Суперлига и го прими пехарот за освоената титула, 16-та во клупската историја.

Пред мечот, тимот на Бутел им направи почесна гарда на Црвено-црните, Вардар се прости со некои од странците кои си одат, а Бутел го доби првото полувреме со 19-17. Сепак, во вториот дел фаворитот дојде до победа и сезоната ја заврши со 30 победи и само два пораза, доволно за освоена титула со 8 бода предност пред вториот, кој и да биде.

Вардар немаше титула уште од 2022 година.

Пехарот го предаде претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

 

На трибините во „Јане Сандански“ немаше многу публика, но најверните беа присутни и во живо го видоа моментов кога пехарот за првакот на Македонија го крена најтрофејниот македонски клуб.

- Оглас -

Најнови вести