Шампионскиот трофеј заврши во стриптиз-бар на тверкање (Видео)

Екипата на Атланта јунајтед стигна до историски трофеј во МЛС-купот во САД откако во финалето го победи Портланд со 2:0. По тој голем успех, фудбалерите на Атланта решија да прослават за првиот пехар во кратката клупска историја. Атланта е клуб кој е формиран во 2014 година, а од минатата сезона е дел од елитната МЛС.

По славењето на стадионот во Атланта, веселбата се префрли и на улиците низ градот, каде што фудбалерите прошетаа во отворен автобус. По тоа дефиле, играчите ги снема заедно со трофејот, но сега се појавија снимки кои очигледно не биле за во јавност.

Неколку фудбалери заедно со трофејот заминале во стриптиз-клуб. Пехарот добил почесно место, и тоа на бината каде што играат полуголи танчерки.

- Оглас -

Најнови вести