Шампионско загревање за Циципас пред Вимблдон (видео)

Стефанос Циципас го освои АТП турнирот во Мајорка по победата над Роберто Баутиста-Агут во финалето со 6-4, 3-6, 7-6(7-2).

Грчкиот тенисер на најдобар можен начин се загреа пред третиот овосезонски гренслем Вимблдон, каде што од понеделник ќе тргне по нов успех.

Циципас стартуваше со два брејка во финалето со кои си го отвори патот за водство по првиот сет.

До резултатот 3-1 во гемови во вториот сет, се чинеше дека ова ќе биде лесна задача за шестиот светски рекет, но Баутиста-Агут пронајде сили за да избори трет сет и драматичен финиш на финалето во Мајорка.

По еден час игра во решавачкиот сет, двајцата тенисери не попуштаа, но во тајбрејкот се виде моќта на Циципас за освојување на сетот и самиот меч со 7-2.

 

- Оглас -

Најнови вести