Шанса и за македонскиот шампион – УЕФА подготвува проширување на ЛШ на 36 екипи

УЕФА најавува проширување на Лигата на шампионите со нов формат по кој во фазата по групи би играле 36 клуба, наместо сегашните 32.

Ова би било и одлично за македонскиот шампион бидејќи се одбиваат уште четири места во луксузната лига, па веројатно би било и малку полесно да се стигне до историски настап во Лигата на шампионите, нешто што досега не ѝ успеало на ниту една наша екипа.

Само Вардар досега успеа да игра во фаза по групи во еврокуповите, но тоа беше во Лигата на Европа пред три сезони.

Моментно во Лигата на шампионите учествуваат 32 екипи поделени во 8 групи, а ако УЕФА ја потврди одлуката од сезоната 2024/25 да има проширување, тогаш ќе има девет групи со по 4 екипи кои ќе бијат битка за пробив во нокаут-фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести