Шанса за iPhone XS ако го погодите исходот од Реал – Севилја

Реал Мадрид и Севилја синоќа загубија, но успешно ја минаа осминафиналната фаза од Купот на Шпанија и веќе може да размислуваат за меѓусебната битка која им претстои в сабота, од 16.15 часот. Дуелот на „Бернабеу“ е дел од понудата на Спортска прогноза, која повторно е дел од Спорт Манија.

Ова е дерби на колото во шпанската Примера. И Севилја и Реал имаат по 33 бода, за Кралскиот клуб од Мадрид, кој има шест порази, тоа е премалку, а и според ефикасноста, се најлоши во последните 30-тина години.

Реал има многу повредени играчи, речиси да нема меч на кој не останува без некој играч, па тренерот Солари ќе мора да комбинира со некој од резервистите. Неизвесен е настапот и на Карим Бензема, кој има скршен прст на раката. Бензема сака да игра на овој важен меч во сабота, а потоа в недела би бил опериран, по што би паузирал две недели. Речиси сигурно ќе ги нема Куртуа, Асенсио, Бејл, Љоренте и Крос.

Севилја нема лигашка победа во 2019 година, а на последните три гостувања кај Реал, прими вкупно дури 13 гола.

Ова е само еден од 13-те меча во понудата на Спортска прогноза. Ако ги погодите сите, може да освоите мобилен телефон „iPhone XS“. Тоа е главниот предизвик за сите оние кои ќе успеат да ги погодат сите 13 дуели од понудата. Доколку не погодите само еден натпревар, 12-ката повторно носи мобилен телефон, и тоа „Samsung Galaxy A6 2018“.

Ако двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).

Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

- Оглас -

Најнови вести