Шанса за ПСЖ, Ајакс и Галатасарај да си ја поправат гол-разликата

Дижон – ПСЖ (фудбал, Франција, 20.45 часот)

Актуелниот лидер на табелата и шампион на Франција гостува кај последнопласираниот тим на табелата. На домашните не им се пишува добро, а добро паметат како си поминаа на „Паркот на принцовите“ во јануари минатата година, кога примија 8 гола. Овојпат ќе го нема Нејмар, кој тогаш даде три гола, но Светците се пресилни за Дижон и се очекува да доминираат на теренот. Дижон нема дадено гол на последните четири дуели со ПСЖ.

Предлог тип: 2 & 3-4 (2.60)

 

Хофенхајм – Падерборн (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Хофенхајм е во серија од три бундеслигашки победи по ред, па важи за голем фаворит против Падерборн, кој во минатото коло дојде до првата победа сезонава. Хофенхајм го совлада и Дуизбург во Купот, па триумфалната низа му е четири меча едноподруго. Што се однесува до меѓусебните пресметки, при двете гостувања кај Хофенхајм, Падерборн губеше со по 0-1, па според традицијата, нема да има премногу голови.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

Цволе – Ајакс (фудбал, Холандија, 20.00 часот)

Ајакс нема пораз сезонава, со гол-разлика 35-7 се најдобри во Холандија. Победата на Копјаниците им треба за враќање на самодовербата по поразот од Челзи во ЛШ. Цволе, кој во претходното коло загуби со 0-4 од Хераклес, им е редовен „пациент“, па не е нереално и гостите да победат убедливо. Нивните два дуели во минатата сезона со обложувачки речник беа ГГ&3+.

Предлог тип: 2 Двојна (1.75)

 

Галатасарај – Ризеспор (фудбал, Турција, 18.30 часот)

Истанбулскиот гигант има проблем со реализацијата. Само девет гола на девет меча во лигата е премалку. Но, Галата слабата ефикасност ја покрива со добра одбрана, па затоа тимот не е подолу од седмото место на кое се наоѓа во моментов. Ризеспор има значително послаба задна линија, па сега е шансата на Галатасарај да постигне повеќе од еден гол. Во минатата сезона, на двата нивни меча имаше четири или повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (1.65)

 

Армани Милано – Барселона (кошарка, Евролига, 20.00 часот)

Дербито на денот во Евролигата се игра во Милано, каде што на сериозен тест ќе биде ставена неспорната моќ на скапиот тим на Барселона. И Каталонците, иако се први на табелата и единствени без пораз во Евролигата, не се непобедливи, што се виде неодамна во шпанската лига кога беа совладани од Сарагоса. Гостите се фаворити, но Манекените на феноменалниот тренер Месина се солидна екипа која на свој терен нема лесно да ја продаде својата кожа.

Предлог тип: >152.50 (1.65)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Галатасарaј – Ризеспор Т1 3+ (2.75)

Хофенхајм – Падерборн 1-1 & 3-5 (3.75)

Дижон – ПСЖ Т2 1+I & T2 3+ (2.05)

- Оглас -

Најнови вести