Шансите на Канте да игра во финалето се големи

Откако вчера менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, кажа дека шансите Нголо Канте да се појави во финалето во Баку се 50-50, денеска многу пооптимистички информации доаѓаат од редовите на лондонските „сини“.

Канте пред неколку дена го повреди коленото, па настапот на финалето од Лига Европа против Арсенал му е неизвесно и сега, на неколку часа пред почетокот. Сепак, на утринскиот фитнес тест, 28-годишниот Канте имал позитивен резултат, и вечерва од 21 часот ќе биде во составот, а на Сари останува одлуката дали францускиот дефанзивен играч за врска ќе го користи од првата минута или ќе го остави на клупата за резерви.

Според најавените состави за вечер, на голот на Арсенал ќе биде Петр Чех, кој ја завршува кариерата. Во одбраната ќе бидат Монреал, Кошчелни, Колашинац, Сократис, во средината Меитленд Најлс, Џака, Тореира и Озил, а во нападот Обамејанг и Лаказет. Сепак, ако Канте е целосно фит, тој ќе биде на терен во средниот ред.

Челзи се очекува да тргне со Кепа, Емерсон, Луиз, Кристенсен, Аспиликуета, Жоржињо, Ковачиќ, Баркли, Азар, Педро и Жиру.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести