Шансите за титула во ЛШ: Барселона, Ливерпул, Тотенхем, па Ајакс на крај

Победникот од полуфиналето меѓу Барселона и Ливерпул е многу поверојатно да стигне до тронот во Лигата на шампионите за оваа сезона. Според најновите коефициенти во Sport Life обложувалниците, Барселона е прв фаворит за тронот. Лионел Меси  и дружината имаат коефициент 2,50 дека на крајот ќе го освојат големиот сребрен пехар во елитното натпреварување на УЕФА.

Противникот на Барселона во полуфиналето, англискиот Ливерпул. е со коефициент 3,50, што значи дека ако некогашниот петкратен европски првак стигне до финалето, таму ќе биде фаворит, без разлика дали противник ќе бидат Тотенхем или Ајакс.

Кога сме веќе кај вториот полуфинален пар, шансите се речиси израмнети, но блага предност се дава на Тотенхем. Англискиот тим е единствен од сите четири полуфиналисти кој никогаш не бил европски првак. Лондончани во четвртфиналето го елиминираа Манчестер сити, а поради искуството во однос на Ајакс, сигурно имаат мала предност.

Ајакс е најпријатното изненадување во ЛШ. Некогашниот четирикратен европски првак тргна уште од второто квалификациско коло, а сега се бори за влез во финалето. Никогаш претходно вакво нешто не му успеало на друг тим во ЛШ. Шансите за Ајакс да биде првак оваа сезона во ЛШ се 5,50.

Првите полуфинални дуели се играат на 30 април и 1 мај, а реваншите се закажани за 7-8 мај, кога и ќе се знаат финалистите.

Освен коефициентите за победник во Лигата на шампиони, во Sport Life секако има и да типувате на тоа кои ќе бидат шампионите во најнеизвесните европски првенства како што се Премиер лигата и Бундес лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести