Шарапова не можеше да постигне: За 40 часа доби повеќе од два милиони пораки

На Марија Шарапова воопшто не ѝ беше досадно во изминативе неколку дена додека е во изолација. Поранешната тенисерка број 1 во светот реши јавно да го сподели нејзиниот телефонски број и им порача на обожавателите да ѝ напишат порака.

Тенисерката која ги има освоено сите четири Гренд слем турнири, имаше многу работа и сигурно не можеше да одговори на сите пристигнати пораки. Таа се пофали дека само за 40 часа откако го објавила својот телефонски број, веќе ѝ пристигнале 2,2 милиони пораки.

- Оглас -

Најнови вести