Шарапова си го објави телефонскиот број, може да ѝ се јави секој! (Видео)

Прославената руска тенисерка, Марија Шарапова, сака да ја убие досадата, па јавно објави телефонски број на кој сите заинтересирани може да ѝ се јават. Убавата Марија рече дека може да се јави или да ѝ напише порака буквално секој.

„Добив број со предзнакот 310 и еве го споделувам со вас. Испратете ми порака. Кажете ми како сте, прашајте ме нешто, или само поздравете ме“ – рече Шарапова.

Единствениот проблем е што нема WhatsApp ниту Вибер, значи исклучиво може да испратите СМС порака. Ако вртите или пишувате од Македонија, треба прво повикувачкиот број за САД, а тоа е бројот 1. Значи, ако сте заинтересирани за контакт со Шарапова, пораките испратете ги на следниот број: +1 310-564-7981.

- Оглас -

Најнови вести