Шарапова – Вилијамс во првото коло на ОП на САД, „пеколна“ ждрепка за Ѓоковиќ

Дуелот помеѓу Марија Шарапова и Серена Вилијамс е најголемото дерби во првото коло на претстојниот гренд слем турнир, Отвореното првенство на САД. Овие тенисерки никогаш не криеја дека не се сакаат, а сега повторно ќе имаат можност да си ги одмерат силите на тврда подлога на терените на „Флешинг медоуз“ во Њујорк. Серена е многу поуспешна, ги доби последните 18 меѓусебни дуели, а Шарапова се надева дека ќе го повтори успехот од пред 15 години.

Ждрепката му донесе тежок пат на првиот носител кај мажите, Новак Ѓоковиќ. Србинот, кој ја брани титулата, би играл во полуфинале со Роџер Федерер, а за да стигне до можен дуел со Швајцарецот, ќе треба да ги совлада Стен Вавринка или Кевин Андерсон, а потоа во четврт-финале со Данил Медведев. Во половината на Рафаел Надал се: Тим, Циципас, Баутиста, Чилиќ, Хачанов.

- Оглас -

Најнови вести