Постигнат кошот на сезоната во НБА-лигата, а Шарлот се радуваше (Видео)

Во НБА-лигата се постигнати многу неверојатни поени кои биле и одлучувачки. Еден таков момент се случи и ноќеска, на мечот Торонто – Шарлот. Домаќините беа апсолутни фаворити за победа, но Шарлот, кој се надева дека ќе се избори за место во плејофот, не се предаде.

„Стршлените“ во последната четвртина влегоа со предност од 12 поени предност, но Торонто со одлична игра покажа зошто е втор на Истокот и стигна до предност од 114:112. Последниот напад го имаа гостите, а на семафорот стоеше дека остануваат само уште 3,1 секунди до крајот. Топката дојде до Џереми Ламб, кој за малку и ќе ја изгубеше, па во немоќ и под притисок на времето шутираше од својата половина речиси и без гледање каде ја фрла топката, но, за чудо, успеа да погоди за победа на Шарлот.

https://youtu.be/SRvLLECJKP8

За Шарлот ова беше 34-та победа и сега е на два триумфа од Мајами хит, кој со 36 победи е на осмото место на Истокот.

Резултати: Милвоки – Кливленд 127:105, Индијана – Денвер 124:88, Торонто – Шарлот 114:115, Њу Орлеанс – Хјустон 90:113, Бостон – Сан Антонио 96:115, Голден стејт – Детроит 121:114, ЛА лејкерс – Сакраменто 111:106.

- Оглас -

Најнови вести