Шченсни е привремено решение, а Деко веќе го „пикира“ новиот голман на Барселона

Спортскиот директор на Барселона, Деко, активно работи на пронаоѓање нов голман поради повредата на првиот голман Марк-Андре тер Штеген. Оваа ситуација го убедила раководството на клубот дека е време да се најде нов голман кој ќе биде сериозна конкуренција за Германецот за следната сезона.


Според информациите на каталонскиот весник „Спорт”, Барселона го насочила своето внимание кон голманот на Ница, Марцин Булка.

Барселона го доведе Војќех Шченсни како привремена замена за Тер Штеген до крајот на сезоната, но 34-годишниот Полјак се смета само за времено решение. Деко сака да најде голман на долг рок, што е причината поради која се одлучил за 25-годишниот Булка.

Полскиот голман има договор со Ница за наредните 18 месеци, што би можело да ги олесни преговорите за негов трансфер во летниот преоден рок. Во моментов неговата цена се движи околу 20 милиони евра, но може да се намали како што се приближува крајот на неговиот договор.

- Оглас -

Најнови вести