Шчесни: Одбивам да играм против Русија, не сакам да ја слушам нивната химна

Голманот на Јувентус, Полјакот Војчех Шчесни, имаше емотивно обраќање преку Инстаграм, и објасни зошто го поддржување неиграњето на Полска против Русија во баражот за Светското првенство во Катар.

„Мојата сопруга е родена во Украина, украинска крв тече во вените на мојот син, знам многу Украинци, сите тие се прекрасни луѓе. Кога гледам како страдаат, не може да стојам мирно и да се преправам дека ништо не се случило. На 26-ти март требаше да играме бараж за СП против Русија, и иако срцето ми се крши, совеста не ми дозволува да играм. Играњето за својата земја е најголема чест за еден фудбалер, но и понатаму е избор. Одбивам да стојам на терени да ја слушам руската химна, одбивам да учествувам во спорт кој ги легитимира постапките на руската влада. Ги повикувам ФИФА и УЕФА да преземат мерки и да ја казнат Русија за своите постапки“ – напиша Шчесни.

- Оглас -

Најнови вести