Шефилд ги задржа шансите да биде најлош тим во историјата на англиските први четири лиги

Брајтон и Шефилд јунајтед одиграа супер интересен меч од Премиерлигата, меч кој можеа да го добијат и едните и другите, а на крај заврши 1-1, со резервисти како стрелци.

Шефилд јунајтед и понатаму е без победа сезонава по 14 кола има само два бода (негативниот рекорд во Англија е на Њупорт кој во првите 25 кола немаше победа), цело второ полувреме играше со човек помалку, но на шест гостувања по ред кај Брајтон останаа непоразени. Блејдси имаа шанса да победат, водеа со гол на дебитантот Џејден Богл, но во 87-ма минута изедначи Дени Велбек.

Во последните секунди, Брајтон имаше одлична прилика да победи, но топката се одби од пречката. За Шефилд заврши серијата од осум порази по ред.

- Оглас -

Најнови вести