Шефилд се „исклучи“ после 50 минути игра во Њукасл, па заигра аматерски и беше казнет (Видео)

Њукасл извојува изненадувачки убедлива победа од 3-0 против Шефилд јунајтед, а голема помош во тоа добија и од гостинскиот тим. Во 50-та минута при 0-0, Џон Иган доби црвен картон, и тоа ги најави проблемите.  Само пет минути подоцна, катастрофалната грешка на Ирецот Енда Стивенс кој ја утна топката, ја искористи Алан Сент Максимен. Ова делуваше демотивитрачки за гостите, па тие брзо примија и втор, подоцна и трети гол.

Шефилд никогаш нема добиено премиерлигашки меч кога нивен играч бил исклучен, а продолжи и нивната лоша традиција против тимовите кои ги води Стив Брус. Брус тренерската кариера ја почна во Шефилд, но има 8 победи во 12-те пресметки против нив.

Погледнете ја катастрофалната грешка при првиот гол:

https://twitter.com/i/status/1274707244354015233

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести