Шефот на Хамилтон јасен: Шумахер секогаш ќе биде најдобриот возач во историјата на Ф1

Луис Хамилтон и Макс Ферстапен утре ќе ја водат последната битка во трката за титулата во Формула 1 шампионатот. Двајцата возачи имаат ист број на бодови, а трката во Абу Даби ќе го даде светскиот првак. Хамилтон атакува на осмата титула, додека Ферстапен се надева дека за прв пат ќе биде планетарен првак.

Доколку Хамилтон успее да го одбрани тронот, тоа ќе биде рекордна осма титула за Британецот, со што ќе го надмине легендарниот Михаел Шумахер кој имаше освоено седум титули.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф ќе направи се за неговиот возач да стигне до нова титула, но сепак, потенцираше дека Хамилтон нема да може никогаш да биде пред Шумахер, дури и ако има повеќе светски титули од него.

„Никој никогаш нема да биде поголем од Михаел Шумахер. Дури и ако статистиката вели дека Луис Хамилтон е пред него. Михаел имаше влијание на овој спорт како никој досега, тој е икона. Не може да правите споредби во различни генерации. Луис е најдобар во својата генерација“, рече првиот човек на Мерцедес Волф.

Според квотите за денешните квалификации, Хамилтон е фаворит за пол позицијата, а со тоа и фаворит за победа на утрешната трка.

- Оглас -

Најнови вести