Шеикот Ал Тани најавува нова мегасензација, Роналдо и Меси заедно?! (Фото)

Калифа бин Хамад Ал Тани, кој е брат на катарскиот шеик што е газда на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, прв го најави доаѓањето на Лионел Меси во парискиот клуб, а денеска повторно ги разбранува духовите со интересна објава на „Твитер“.

Тој објави монтирана фотографија на која Меси е во друштво на Кристијано Роналдо, а и двајцата носат дрес на ПСЖ.

„Можеби?“, напиша Ал Тани покрај фотографијата на три различни јазици, со што експресно предизвика шпекулации дека ПСЖ навистина работи на доведувањето на Португалецот во своите редови до крајот на преодниот рок.

Се шпекулира дека ПСЖ ќе го продаде Килијан Мбапе во Реал Мадрид и ќе го доведе Роналдо.

Но, Ал Тани веднаш потоа објави слика и од Бразилецот Винисиус, кој одлично ја почна сезонава во Реал.

„Погледни го твојот телефон“, напиша Ал Тани. Ова се толкува дека е можно парижаните да го бараат Винисиус како дел од некаква трампа со која би го испратиле Мбапе во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести