Шеикот од ПСЖ ќе купи клуб и во Англија

Откако шеикот Насер Ал-Келаифи реши да вложува во Пари Сен Жермен, „светците“ станаа доминантен клуб во Франција. ПСЖ лесно ги освојува речиси сите трофеи во Франција. Едноставно му нема рамен. Дека не се задоволува само со купување на еден клуб, шеикот потврди со тоа што најави купување на клуб во Англија.

Насер Ал-Келаифи има пикирано три клуба и треба да се одлучи за еден. Сите три клуба се дел од Чемпионшип, а во опција се Астон Вила, Квинс Парк Ренџерс и Нотингем Форест. Од овие три клуба, единствено Астон Вила е со шанси да влезе во плеј-офот за разигрување и влез во Премиер лигата, па тимот од Бирмингем е и со најголеми шанси да добие арапски капитал.

 

- Оглас -

Најнови вести