Шек ми понуди 10.000 долари за да се степам со Коби

Пензионираниот кошаркар Ајзеа Рајдер, откри дека добил понуда од Шекил О‘Нил во вредност од 10.000 долари за да предизвика тепачка со Коби Брајант. Поранешното крило на Лејкерс беше дел од шампионската генерација и во 2001 година кариерата ја заврши со освоена титула, а по долги години откри за понудата од познатиот центар.

„Кога пристигнав во Лејкерс Шек ми понуди 10.000 долари за да се степам со Коби. Ми рече: Ако успееш да предизвикаш тепачка со него, во соблекувалната ќе те чекаат 10.000 долари, сите по банкнота од еден долар. Помислив дека е луд, а ако до направев тоа сигурно ќе летав од екипата“, истакна Рајдер.

О‘Нил и Брајант своевремено важеа за најдоминатното дуо во НБА лигата, но нивниот однос се наруши по што Шекил ги напушти Езерџиите. Сепак, двајцата се смирија и останаа блиски пријатели, а Шек беше еден од оние кои најтешко се помири со трагичната смрт на кошаркарскиот великан, кој пред повеќе од два месеци загина во хеликоптерска несреќа заедно со ќерка му Џана и уште седуммина патници.

- Оглас -

Најнови вести