Шекил О’Нил е цар: Беше диџеј, а потоа направи караоке за своите најблиски (Видео)

Шекил О’Нил најде одличен начин како да се бори против досадата во карантинот поради Коронавирусот. САД за кратко време стана земја со најголем број заболени од опасниот вирус и сега сите мора да се држат до препораката да останат во своите домови.

Домашната изолација очигледно не му падна тешко на легендарниот О’Нил. Познат како одличен шоумен, еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА реши да направи диско забава за своите најблиски.

О Нил најпрво во кујната се покажа како одличен диџеј, а потоа целото шоу се пресели во гаражата, каде што со лајтшоу, покрај диско музиката, беше направено караоке. Шекил прв започна да пее, а потоа музичките способности ги покажаа и неговите деца.

Очигледно дека ако си во карантин заедно со Шекил О’Нил, нема никогаш да ти биде досадно. Погледнете ги двете видеа што некогашниот кошаркар ги постираше на својот инстаграм-профил со порака да се остане дома за време на опасноста од Коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

Oneal boys kitchen concert

A post shared by DR. SHAQUILLE O’NEAL Ed.D. (@shaq) on

- Оглас -

Најнови вести