Шекил О’Нил и Чарлс Баркли му се восхитуваа на македонскиот уметник (Видео)

Легендарните кошаркари Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит заедно со водителот Ерни Џонсон, кои се дел од најпознатото кошаркарско НБА-шоу, Inside the NBA, добија неочекувани подароци. Македонскиот дизајнер од фирмата SWithADot реши да ги изненади и им подари патики со нивните ликови.

„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабуловски. Неговата компанија SWithADot е единствената во светот што изработува уникатни обувки, еве може да ги видиме овие за филмот Space Jam. Прекрасна уметност. Еве, и за Кристијано Роналдо. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени Inside the NBA’s“, објасни водителот Џонсон.

Сите четири ликови се направени со интересна приказна. Шекил на сликата е од моментот кога јадеше луто чили, додека Баркли е фатен во моментот кога заспа за време на еден пренос во живо. Ликот на Смит е со периката која ја носеше во една од емисиите, додека водителот Џонсон за инспирација ја има сликата од доделувањата на ЕМИ наградите, каде што доби награда за најдобра спортска емисија.

- Оглас -

Најнови вести