Шериф најавува ново чудо во ЛШ, квотата за такво нешто е над 13

По тринеделна пауза, од утре повторно продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите. Шериф Тираспол, дебитантот во ова наптреварување, е најпријатното изненадување. Шампионот на Молдавија има максимални шест бода по две кола благодарение на победите против Шахтар на свој терен и Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Шериф, во чии редови сезонава игра и единствениот Македонец во Лигата на шампионите, Бобан Николов, утре ќе гостува на уште еден легендарен стадион. Молдавскиот првак ќе игра на „Џузепе Меаца“ против Интер, а гостите се полни со оптимизам и самодоверба.

„Победата во Мадрид е најголемото постигнување во мојата кариера. Реал имаше неколку шанси, но ние победивме. Сега мора да веруваме во нашите квалитети и да продолжиме со исто темпо. Свесни сме дека Шериф е еден мал клуб во големо натпреварување, но гладни сме да го покажеме потенцијалот со кој располагаме. Во Милано сакаме да покажеме дека можеме пак да победиме и да обезбедиме место во ноакут-фазата. Ова е фудбал и сè е можно “, вели капитенот на Шериф, Франк Кастањеда.

По две кола во ЛШ, Шериф е прв во својата група со шест бода, пред Реал Мадрид со три, додека Интер и Шахтар досега освоија само по еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести