Шкендија на „Фазанерија“ може да полета кон второто квалификациско коло за ЛШ

6001 Хибернијанс – Флора (Квалификации за Лига на шампиони, 18 часот)

Предност на Флора е што естонското првенство е во полн ек, за разлика од тоа, на Малта сè уште не е почнато. Флора има одличен резултат од првиот меч, победи со 2:0, а има и подобар тим и многу поголемо искуство во еврокуповите од Хибернијанс.

Имаат над 30 натпревари во квалификациски дуели за настап во Лигата на шампионите, или во Лигата на Европа, но досега не успеваа да се пробијат до фаза по групи.

Лани Естонците стигнаа најдалеку и беа поразени од Динамо Загреб во плејофот за учество во Лигата на Европа. Тимот постои 31 година и веќе е рекордер во Естонија со 13 титули.

Хибернијанс идната година ќе го слави 100-тиот роденден, а клубот може да се пофали со европски дуели против Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Црвена ѕвезда, нешто што Флора го нема иако Малтежаните ги загубија сите овие дуели многу убедливо.

Флора има интересен тим, нема ниту еден странец, но сепак се поквалитетни од Хибернијанс и типуваме дека пак ќе победат.

Предлог тип: 2 (2.14)

 

6003 Рига – Малме (Квалификации за Лига на шампиони, 18 часот)

Во еврокуповите многу важен фактор е искуството, а кога се работи за Рига и за Малме, речиси и да нема споредба.

Летонците постојат само 7 години, а Малме е клуб со огромна традиција од 111 лета, рекордер во шведскиот фудбал со 21 титула и сè уште единствениот клуб од Скандинавија што играл финале во Купот на европските шампиони или во Лигата на шампионите.

Во финалето на тогашниот КЕШ во 1979 година, Малме загуби со 0:1 од Нотингам форест во Минхен.

И квалитетот е на страната на Швеѓаните, иако предноста од 1:0 е тенка за реваншот, сепак на терен сè изгледаше поинаку. Играчите на Малме апсолутно доминираа со огромен посед на топка, со вкупно 22 удари кон голот на Рига, но гостите со бункер успеаја да загубат само минимално.

Рига мора да се обиде да нападне, што е шанса за Малме да постигне некој гол повеќе од првиот меч. Гостите се многу поквалитетни и ќе победат и во Рига.

Предлог тип: 2-2 (2.03)

 

6004 Шериф Тираспол – Теута (Квалификации за Лига на шампиони, 19 часот)

Молдавците имаат многу поголем рејтинг во европскиот фудбал од тимот од Албанија, а и поквалитетен тим. Тоа го потврдија со убедлива победа од 4:0 на првиот меч, и тоа како гости.

На тој дуел на стадионот „Нико Дована“ се случи раритет и Шериф имаше 11 странци како стартери. Напаѓачот Енрике Луванор, кој даде два гола, е Бразилец со молдавски пасош, па во почетниот состав на гостите немаше ниту еден роден Молдавец.

Теута има четворица Македонци во составот, а само искусниот Баже Тодоровски беше стартер, но и тој и соиграчите не можеа рамноправно да се носат со играчите на Шериф.

Молдавскиот клуб четирипати играше во фазата по групи во Лигата на Европа, што го потврдува многу поголемиот рејтинг од тој на Теута, па сега се обидува за првпат да се пробие до Лигата на шампионите, а типуваме дека ќе го мине првиот чекор во квалификациите со две убедливи победи.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.50) 

 

6005 Борац Бањалука – Клуж (Квалификации за Лига на шампиони, 20 часот)

Клуж пристигна на незгодно гостување со предност од 3:1 и иако Романците се фаворити за пласма,н понатаму ќе мора да одиграат максимално на еден од бастионите што тешко се освојуваат.

Борац не загуби ниту еднаш на домашен терен во првенството на Босна и Херцеговина, а и порано, во ерата на поранешна Југославија тешко се победуваше во Бања Лука.

Клуж има подобар тим со искусни и многу квалитетни фудбалери од калибарот на Деак, Омрани, Кипчиу, Камора…, а голем дел од нив имаат искуство и со настапи во Лигата на шампионите со Клуж.

Романците се меѓу главните фаворити за пробив во фаза по групи во Лигата на шампионите, имаат предност од 3:1 и Борац ќе мора да напаѓа за да се надева на подвиг и елиминација на гостите.

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

6006 Мура – Шкендија (Квалификации за Лига на шампиони, 20 часот)

Шкендија не е без шанси против Мура, иако загуби со 0:1 во Скопје, што е незгоден резултат.Tетовци имаат многу поголемо искуство од домаќините во еврокуповите, доминираа на првиот меч, но изостана реализацијата.

За Мура ова е само шести меч во еврокуповите, Шкендија ќе го игра 23-тиот, а меѓу нив има натпревари со европските гиганти Милан, Тотенхем, Партизан.., потоа и со силните Розенборг и Салцбург, што им дава предност иако реваншот ќе биде исклучително тежок.

Тимот од Мурска Собота е во подем, во последниот шампионат на Словенија за првпат стана првак во кусата деветгодишна историја на клубот.

Шкендија ќе мора да внимава на опасните контри на домаќините, но ако одигра во поле како на првиот меч, ќе има шанси за да ја анулира негативата од првиот меч.

Предлог тип: Х2&2+ (2.40)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести