Шест гола на Леванте – Реал, на крајот за домаќините бранеше стоперот

Реал Мадрид освои само еден бод на гостувањето кај Леванте, во чии редови последните 15-тина минути ги одигра и нашиот репрезентативец Енис Барди. Кралевите беа големи фаворити, но на крајот одиграа 3:3 на тешкото гостување.

Гостите поведоа со голот на Бејл само по пет минути игра, а потоа мирно беше сè до почетокот на вториот дел. Во првата минута од второто полувреме Роџер погоди за 1:1, а во 57-мата минута Кампања погоди за 2:1 за Леванте.

Жуниор Винисиус израмни на 2:2 во 73-тата минута, но само шест минути подоцна повторно Леванте поведе, овојпат со 3:2. Во 85-тата минута Жуниор Винисиус со својот втор погодок израмни на 3:3. Во 87-мата минута црвен картон доби домашниот голман Фернандес, а бидејќи домаќините ги имаа направено сите пет измени, на голот мораше да застане дефанзивецот Везо.

Реал Мадрид не ја искористи предноста од играч повеќе, но и фактот дека на голот на Леванте беше фудбалер, па на крајот двата тима освоија по еден бод.

 

 

- Оглас -

Најнови вести