Шест од последните девет меѓусебни меча завршиле 1:1, но сега домаќинот е голем фаворит

1010 Њукасл – Вулверхемптон (17:30 ч.)

Њукасл е во очајна серија и во последните пет кола во првенството нема победа, освојувајќи само три бода. Вулверхемптон е во долниот дел од табелата и може да дојде во опасната зона. Њукасл сезонава дома има шест победи, пет реми и само еден пораз, додека Волците имаат дури седум порази во 13 гостувања.

Интересна е традицијата на меѓусебните дуели, кои покажуваат дека Њукасл има само една победа во последните 10 меча, а дури шест средби завршиле со резултат 1:1. Сега да биде 1:1, квотата е дури 7.25, но многу поверојатно е Њукасл да се израдува на триумф.

Предлог тип: 1&0-3 (2.16)

 

1710 Олимпик Марсеј – Стразбур (20:45 ч.)

За Олимпик Марсеј најважно е да ја задржи втората позиција на табелата, додека Стразбур е во проблеми и е во зоната за испаѓање.

Во последните 16 дуели на овие два клуба, Олимпик има девет победи, а седум средби завршиле нерешено, а Стразбур чека на радост цели 18 години.

Предлог тип: 1-1 (2.04)

 

3008 Рома – Сасуоло (18 ч.)

Рома води битка за место во Топ 4 па кога игра дома, секогаш целта е освојување три бода. Сасуоло е тим кој игра офанзивно, што покажуваат и четирите последни меѓусебни дуели со Римската волчица во кои двете екипи постигнувале барем по еден гол, па токму затоа може да се игра на погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.12)

 

1308 Вилјареал – Бетис (18:30 ч.)

Дерби во шпанското првенство на две екипи кои се борат за излез во Европа. Вилјареал е трет најдобар тим ако се гледаат резултатите на домашен терен и има седум победи во 11 дуели. Бетис нареди четири гостински триумфи во последните пет средби, но тимот сигурно е уморен по дуелот и со Манчестер јунајтед во Лигата на Европа.

Кога играат меѓу себе тоа се дуели без многу калкулации, па затоа во последните 13 дуели имало само едно реми (осум победи за Вилјареал и четири на Бетис).

Предлог тип: 1 (1.90)

 

1956 Басакшехир – Бешикташ (17 ч.)

Важен меч во битка за третото место на табелата. Басакшехир пред своите навивачи има осум победи во 11 меча, што само потврдува дека ќе му биде многу тешко на Бешикташ да стигне до трите бода.

Сезонава Басакшехир на гости славеше против Бешикташ со 1:0, што е само уште еден факт дека овој тим не се предава без разлика кој е ривалот.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести