Шест се сигурни парови на прогнозерите, за останатите седум се „води војна“

Според досега направените прогнози, на шест пара од понудените 13 во ова коло на Спортска прогноза ќе биде многу лесно да се предвиди победникот. На тие шест меча има фаворити кои досега добиле над 60 отсто од досегашните типови. Од сите парови, најсигурен е „кецот“ на Фулам против Шефилд јунајтед затоа што над 78 отсто очекуваат победа на домаќините.

Слична е и ситуацијата на Хофенхајм – Вердер, каде што во домашна победа веруваат над 76 отсто од прогнозерите. Со 70 отсто шанси за победа е Манчестер сити на гостувањето кај Арсенал. Уште три други средби се со над 60 отсто сигурност за триумф на една од двете екипи.

Одиграјте го ова коло и бркајте Среќна 13-ка која може да ви донесе мобилен телефон „ајфон 11“. За 12 погодени добивате вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а со 11-ка погодена, вредносниот ваучер во Sport Life е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести