Шест секунди на кошаркарско лудило во Истанбул: Домаќините беа во делириум, но потоа останаа шокирани (Видео)

Фенербахче и Анадолу Ефес водат жестока битка во полуфиналето од плејофот во борба за трофејот. На првиот меч, Фенербахче победи, а кошаркарите во жолти дресови синоќа беа шокирани на свој терен.

Драматичен беше финишот кога Анадолу Ефес имаше предност од 89:88 и топка од страна на девет секунди до крајот. Гостите лошо го изведоа аутот, Фенербахче ја освои топката и домаќините постигнаа поени за водство од 90:89.

За Анадолу Ефес останаа само шест секунди, а тогаш одговорноста во свои раце ја презеде Вил Клајбурн, кој истрча до противничката половина и шутираше тројка, која ја погоди, па Ефес израмни на 1:1 во победи. Пласман во финалето ќе обезбеди тимот кој прв ќе стигне до три победи.

 

- Оглас -

Најнови вести