Шесткратниот светски првак: Надал и Ѓоковиќ се машини а Федерер е тениски уметник

Долга е дебатата за тоа кој е најдобар тенисер во историјата на белиот спорт, а особено таа се ражешти и со доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Ако во минатото главни за споредба беа Роџер Федерер, Пит Сампрас и Андре Агаси, јасно е дека српскиот и шпанскиот тенисер го презедоа приматот на најдобри, додека и Федерер исто така се „вржи“ при самиот врв.

Шесткратниот светски снукер шампион, Рони О’Саливен даде свое мислење околу оваа дебата.

„Надал и Ѓоковиќ се машини и ќе ја искористат секоја ваша грешка, или ќе ве присилат за такво нешто од невозможна позиција.

И затоа ретко кој може да им се спротистави во светот на тенисот. Додека, пак Роџер Федерер е тениски уметник кој можеби ја нема таа ‘убиственост’ како Новак и Рафа, ама секогаш има потег со кој што може да ја воодушеви публиката.

И јас многу се пронаоѓам во Роџер и сметам дека сме слични играчи, он во тенисот јас во снукерот“ изјави О’Саливен кој според многумина е сметан за најдобар играч во историјата на снукерот.

- Оглас -

Најнови вести