Шевченко пронајде нова селекторска работа, а ќе му асистира човекот од кого има ноќни мори (ВИДЕО)

Андриј Шевченко само неколку недели откако доби отказ од Џенова, си пронајде нова работа.

То, се враќа во селекторските води и ќе седне на клупата на репрезентацијата на Полска. Интересен е изборот за негов асистент, а тоа е некогашниот голман и легенда на Полска, Јержи Дудек.

Тие што добро се сеќаваат, Дудек и Шева беа противници во легендарното финале од Лигата на шампионите од 2005 година, кога како победник на крајот испадна Полјакот, и тоа по негатива од 0:3.

Дудек најпрвин му одбрани неверојатна шанса на Шева, откако рефлексно ја испружи раката, а во фудбалскиот свет овој момент е познат како „Раката на Папата“, нешто слично како „Раката на Господ“ кога Диего Армандо Марадона постигна гол со рака.

Потоа, во пенал-серијата Дудек му го одбрани одлучувачкиот пенал на Шева со кој Ливерпул стигна до петтата титула.

 

- Оглас -

Најнови вести