Шевченко: Милан е мој дом, би сакал да се вратам во клубот

Легендата на Милан, а до неодамна селектор на Украина, Андриј Шевченко, изјави дека има желба да се врати во Милан, каде што мина најголем дел од својата богата играчка кариера и клуб со којшто ги имаше најголемите успеси.

„И со Динамо имав искуство од играње во Лигата на шампионите, но со Милан беше нешто сосема поразлично. Прекрасна приказна, две финалиња на ЛШ, особено првото го паметам со посебно треперење. Во ЛШ мора да имате правилен пристап, тоа е натпреварување со богата историја и поврзано е со Милан. Кога играте за еден од најсилните тимови на светот, тоа помага да созревате. Имам голема желба да се вратам во Милан и да ја слушам химната на клубот“, изјави Шевченко.

- Оглас -

Најнови вести