Шевченко: Се надевам дека Италијанците ќе навиваат за Украина

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Андриј Шевченко, изјави дека се надева дека италијанските фанови во Рим ќе ја поддржат Украина на четвртфиналниот меч против Англија.

Поранешниот голгетер на Милан во Италија се чувствува како дома, а сега како селектор на националниот тим на неговата земја се надева на пласман во полуфинале на ЕП, иако групната фаза ја мина само со три бода и победа над Шведска со гол во 120-тата минута.

„Се надевам дека Италијанците ќе навиваат за нас во Рим. Англија е одличен тим, пред нас е тежок меч“, изјави Шевченко, кој за Милан даде 175 гола на 322 меча.

Инаку, Велика Британија е на црвената ковид-листа на Италија, што значи дека секој Британец што ќе дојде во Италија, мора да мине петдневен карантин. Затоа, Англичаните кои живеат на Островот ќе навиваат од дома и ќе се надеваат дека нивната селекција ќе ја победи Украина, па потоа во полуфиналето пак би можеле да навиваат на „Вембли“ во Лондон. На трибините на „Олимпико“ може да бидат Англичани кои живеат во Италија.

- Оглас -

Најнови вести