Шевченко: Вестите за Украина како да почнуваат да се губат од насловните страници

Украинците постојано бараат поддршка од светот за она што им се случува во нивната земја, а фудбалската легенда Андриј Шевченко се плаши дека поддршката од светската јавност спласнува.

Некогашниот фудбалер на Динамо Киев, Милан и Челзи, смета дека Украина како да ја снемува од насловните страници на весниците.

„Поминаа повеќе од три месеци, и дефинитивно ни треба финансиска помош. Бранот на поддршка како да почнува полека да се повлекува. Многу е важно да се зборува, да се преземаат мерки, и да се разбере дека војната во Украина не е завршена. Земјата е во многу тешка состојба, луѓето мора да помогнат“ – вели Шевченко.

- Оглас -

Најнови вести