Шевченко за „влакно“ ќе загинел, бил во воз додека траело бомбардирањето (Видео)

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко за малку можел да загине во налетот на бомбардирањето што руските воени сили го направија во Украина. Шевченко раскажува како поминале пеколните неколку часови во кои руските воени сили испукале 80 ракети и 12 беспилотни летала камикази.

„Бев во возот и застанавме пред гранатирањето. Тие неколку часа беа како вечност. Сакам да порачам само едно, а тоа е дека никакви ракети нема да ја скршат Украина. Може да ни ги земете улиците, куќите, но не може да ни го одземете достоинството, храброста и желбата за слобода. Ќе ја заштитиме Украина. Ќе пееме по мостовите како што народот во Киев денеска пееше во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“, беше пораката од Шевченко, кој на својот инстаграм профил постави видео од нападот на мостот.

- Оглас -

Најнови вести