Шевченко: Заслужено победивме, но Македонија покажа карактер

Селекторот на Украина, Андрeј Шевченко е среќен за трите освоени бода, со кои Украина остана во трка за место во осминафиналето.

„Одигравме одлично прво полувреме, а потоа добро почнавме во вториот дел. Сепак направивме една грешка, беше досуден пенал, што не го искористивме. Тогаш почна и напнатоста и нервозата во нашата игра. Имавме неколку шанси да дадеме гол и во второто полувреме, но не ги искористивме. Македонија одигра добро во вториот дел и покажаа карактер. Навистина одигравме добро во нападот, беше уживање да се гледа. Главната поента е дека победивме“, рече Шевченко веднаш по победата.

- Оглас -

Најнови вести