Шибеник може да го повтори подвигот на Тетекс, во иста сезона да освои куп и да испадне од прва лига!

Екипите на Хајдук и Шибеник вечерва во Риека ќе го играат финалето на Купот на Хрватска.

Сплитските Били се големи фаворити за победа, а Шибеник кој претходно успеа да го елиминира најсилниот тим во Хрватска, Динамо Загреб, има прилика да испише историја.

Хајдук по 13-ти пат игра финале, го брани трофејот од лани, сезонава ја заврши на второ место во првенството, додека Шибеник го игра второто финале (го загубија првото и уште немаат трофеј) и во следната сезона ќе биде второлигаш.

Ако успее да приреди изненадување, Шибеник би го повторил она што пред десет години го направија Тетекс во Македонија и Виган во Англија, во иста сезона да го освојат купот и да испаднат од лигата.

- Оглас -

Најнови вести