Шифрин може да ги надмине Вон и Стенмарк

Микаела Шифрин е на пат да стане најуспешната скијачка на сите времиња и за неколку години да ја надмине својата сонародничка Линдзи Вон, која ќе се повлече наредната година.

Со победата на слаломот во Куршевел, Шифрин дојде до триумфот број 50 во кариерата, и со само 23 години (во март ќе наполни 24), таа е најмладата во историјата што имала 50 победи. Оваа сезона, од 11 трки, Шифрин победи на седум, и заработи 353.000 долари, трипати повеќе од било која друга колешка.

Во слалом, Шифрин нема конкуренција годинава, ги доби сите трки, а во кариерата има вкупно 35 победи во оваа техничка дисциплина, и го изедначи рекордот на нејзиниот идол од детството, Марлис Шилд. За споредба, Шилд својата 35-та победа во слалом ја имаше на 32-годишна возраст, а Шифрин дури девет години помлада.

Шифрин е најмладата од осумте скијачи во историката, по четири мажи и жени, кои имале 50 победи. Ако продолжи вака, таа сигурно може да го загрози рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 победи. Рекордот на Стенмарк може да го урне и Линдзи Вон, доколку победи на пет трки во следната година.

„Не сакам да го насочувам вниманието кон тие бројки и рекорди, може само ме деконцентрираат, се трудам колку е можно да не мислам на тие работи“ – изјав Шифрин која откако во февруари остана без медал на Олимписките игри во Пјеонгчанг, ги доби сите слаломски трки од Светскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести