Шифрин на СП заврши со злато во суперџи, Вон заврши во оградата (Видео)

Американката Микаела Шифрин која сезонава е повеќе од доминантна во слалом, освои златен медал на трката во супервелеслалом на Светското првенство во Оре и покажа дека и во нетехничките дисциплини знае да биде одлична. Иако направи една грешка и за малку ќе утнеше капија, Шифрин имаше доволно брзина и среќа на целта да мине со најдобро време.

За 23-годишната Шифрин ова е четврто злато од светските првенства, но првите три беа во слалом, ова ѝ е прв триумф на СП во супер-џи. Само пет скијачки имаат повеќе злата од неа, но тоа може да се смени на крајот на ова првенство, на кое таа е фаворит и во слалом и велеслалом.

Среброто го освои Италијанката Софија Гоџа, а бронзата ја освои Корин Сутер од Швајцарија. Колку оваа трка беше изедначена, говори податокот дека Гоџа заостана само две, а Супет пет стотинки. Малер на денот е Викторија Ребензбург, која остана без медал и второ СП по ред заврши како четврта во суперџи, иако имаше само 7 стотинки послабо време од победничката Шифрин, а петтата Надја Фанкини заостана 14 стотинки.

Легендарната Линдзи Вон неславно мина на својата последна трка во суперџи во кариерата. Американката имаше тежок пад, но за среќа без сериозни последици, па таа би требало да се појави на неделниот спуст, со што веројатно и ќе ја заврши кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести