Шилтон тажи за Марадона, но и по смртта на великанот, не му ја прости „Божјата рака“

Питер Шилтон изрази сочуство за смртта на Диего Армандо Марадона, но, сепак, не му прости на великанот на светскиот фудбал за „Божјата рака“ со која Аргентинецот го совлада на Мундијалот во 1986 година.

„Без дилема, за мене тој беше најголемиот фудбалер против кого сум бранел. Тажен сум и испраќам сочуство кон неговото семејство. Но, и сега нема да лажам. Долго ме прогонуваше тој гол со рака што ми го даде Марадона. Луѓето велеа дека требаше да ја фатам топката пред него и дека не сум смеел да дозволам да ме надитри на нечесен начин. Сепак, Марадона постапи нефер. Да можеше ќе ја удреше топката со глава, но тоа беше невозможно и затоа се послужи со рака. И никогаш не се извини. Беше фудбалски волшебник, но не и спортсмен“, напиша Шилтон во колумна за „Мејл Онлајн“ во текст посветен за Марадона.

Голот што Марадона го постигна со рака пред 34 години стана култен, еден од најспомнуваните фудбалски моменти во историјата, а брзо си доби и епитет „Божјата рака на Марадона“.

 

- Оглас -

Најнови вести