Ширер го смести Роналдо на петто место на листата на најдобри крила во историјата на Премиер лигата

Поранешниот англиски голгетер, и прв стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер, ги прогласи петте најдобри крилни играчи во историјата на Премиер лигата.

Според него, Рајан Гигс е на врвот на рангирањето. На второто место го смести Мохамед Салах, трети е Еден Азар, четврти Дејвид Бекам, а петтото место му го додели на Кристијано Роналдо.

Ова рангирање на Ширер предизвика многу реакции, голем број фанови не се согласуваат со него, особено за сместувањето на Азар пред Бекам и Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести